Управа за извршување на санкции: Камчев добива третман како и сите други притвореници

Од Управата за извршување на санкции по информацијата за Орце Камчев, тврдат дека притвореникот добива третман како и секое друго притворено лице во С.Македонија.

„Управата за извршување на санкции најкатегорично ги демантира информациите за наводен нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето на притвореникот Орце Камчев. Притвореното лице е сместено само, а досега врз него се направени вкупно шест медицински прегледи, од кои еднаш била повика и Брзата помош“, истакнаа од Управата.

Исто така, во своето излагање од Управата велат дека и на 21. март, Камчев бил однесен на специјалистички кардиолошки преглед каде е констатирано дека тој нема медицински проблеми кои би значеле негово лекување, по што е вратен на издржување на мерката притвор.

За потсетување, на Камчев на 14 март му беше определен е 30-дневен притвор поради индиција на Агенцијата за национална безбедност дека ќе се дал во бегство. Камчев беше приведен утрината во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.

Слични содржини