Уредникот на „КРИК“: Никаде не посочивме дека синот на Вучиќ е член на „кавачкиот клан“, јасно се гледа поврзаноста на некои криминалци со српските власти

од Nikola Popovski
359 прегледи

Истражувачките организации „КРИК“ и Мрежата за афирмација на невладиниот сектор објавија статија за војната меѓу „шкаљарскиот“ и „кавачкиот“ криминален клан.

Во текстот се анализира конфликтот, поделбите што се појавиле во подземјето, но и врските на клановите со одделни припадници на српската и црногорската полиција.

Текстот содржи и фотографија на која се гледа Данило Вушиќ, син на српскиот претседател Александар Вучиќ, во друштво на Александар Видојевиќ, кој, според КРИК, кој во полициската база на информации се води како припадник на „кавачкиот клан“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјавила дека текстот бил користен за напад врз семејството на претседателот и за политичка пресметка со него.

Таа додала дека авторите се обиделе да „докажат лага“ за поврзаноста на синот на Александар Вучиќ со криминалните кланови.

По тој повод, „Al Jazeera Balkans“ разговарала за статијата со уредникот на „КРИК“, Стеван Дојчиновиќ.

Според него, никој не ја ставил во прашање автентичноста на сликите и тоа што тие го објавиле, туку дека тие го сфаќаат нивниот текст на свој начин.

„Тие сакаат да кажат дека ние сакаме да кажаме дека синот на претседателот е член на кланот и ние му го загрозуваме животот. Како прво, премиерката Брнабиќ изнесе неколку лаги. Ние никаде во текстот не кажавме дека синот на Вучиќ (Данило) е член на некоја криминална група, туку само објавивме како тој се дружи со член на „кавачкиот клан“ и практично го претставивме како пријател на тоа лице. А фактите, кажуваат дека тие се имаат сликано најмалку во три прилики“, вели Дојчиновиќ.

Тој укажува дека во статијата се пишува за пресметките на клановите и за самите врски на криминалците со некои полицајци и политичари.

„За мене оваа фотографија е шокантна и смета дека треба да виде од јавно значење. Уште пострашно е што после ваков текст нема реакција во Србија од Обвинителството и полицијата“.

Според уредникот на „КРИК“, „кавачкиот клан“ има силна поврзаност и помош од државните структури на Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ одбил да го коментира текстот на „КРИК“, повторувајќи дека ќе зборува за сè, откако ќе се укине вонредната состојба и додал дека неговото мото е „борба“ и дека ќе се бори за сите деца на Србија, не само за неговите.