Уште 154 лица се позитивни на Ковид-19

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини