Уште 5 жртви од коронавирусот во Србија, нови 263 заразени

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа, уште пет лица починале од коронавирусот во Србија, а други 263 лица се заразени.

Починаа три жени и двајца мажи. Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 156, изјави епидемиологот Предраг Кон на прес-конференција.

Инфицирани се вкупно 8.042, а излечини се 1.182 лица. 3.044 лица се хоспитализирани, а 85 на респиратор.

Во последните 24 часа се тестирани 4.365 лица.

Слични содржини