Славните „Ролинг Стоунс“ во петокот повторно се најдоа на врвот на листата на најпродавани албуми во Велика Британија, со што влегоа во историјата како првиот бенд што имал најпродаван албум во шест различни децении.
Последниот албум на Ролинг Стоунс, ремистерирана верзија на, исто така, најпродаваниот албум од 1973 година, „Goats Head Soup“, како што објави компанијата „Official Charts“, изби на првото место во Велика Британија во петокот.
Бендот, кој редовно настапува од 1962 година и чии членови, како Мик Џегер и гитаристот Кит Ричардс, имаат над 70 години, сега има 13 албуми кои биле најпродавани во Велика Британија, како и Елвис Присли и Роби Вилијамс.
Само „Битлси“ имаат повеќе, 15 албуми, но „Стоунс“ успеаја да го соборат овој рекорд во сите шест децении постоење, според компанијата „Official Charts“.