Уште еден земјотрес! Извидничкиот Центар Охрид ги отвори вратите за исплашените жители

од Vladimir Zorba
201 прегледи

  Голема вознемиреност во Охрид,. Некои граѓани ноќта ја минаа на отворено и во шатори  во извидничкиот камп.Во моментов таму  се сместени околу 60 граѓани,од кои две трудници,6 мали бебиња од неполна година ,и лица над 50 годишна возраст.

Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 10 часот и 27 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени го потрсе Охридско и во 08 часот и 36 минути.

Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани изминатата ноќ.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.