100
Во Албанија денеска во 14 часот и пет минути регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на ’ртот Родон.
Земјотресот најмногу се почувствува во Драч и Тирана.
Во меѓувреме Американскиот геолошки институт соопшти дека Албанија не се наоѓа во така наречениот земјен „огнен прстен“ и оти нема опасност од цунами.
– Албанија се наоѓа во близина на линијата на тектонски плочи кои поминуваат под Италија, што го прави регионот подложен на осцилации, се наведува во соопштението на Американскиот геолошки институт.
Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што утрово ја погоди Албанија загинаа најмалку 16, а повредени се повеќе од 600 лица.