382
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска го стресе западниот дел на Грција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил регистриран на 28 километри од Патра и 16 километри од Егија, на длабочина од два километри.
Претходно денес, силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.