Уште една демонстрација на моќ: Русите истрелаа крстосувачки ракети (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руската воена морнарица истрелала суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

„Во водите на Јапонското Море, ракетни бродови на Тихоокеанската флота истрелаа крстаречки ракети од типот Москит врз лажна непријателска морска цел“, објави Министерството на својот профил на Телеграм.

Руското министерство за одбрана прецизираше дека целта, која се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри, била успешно погодена со две крстаречки ракети Москит.

Слични содржини