Нова експлозија одекна во предградие на главниот град на Шри Ланка, Коломбо откако експлозивни направи се активирани во три цркви и три хотели во градот.
Според полицијата експлозијата се случи во предградието Деивала.
Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 185 лица, а над 400 други се повредени.
Властите соопштија дека се сомневаат дека експлозиите во две од црквите биле извршени од бомбаши-самоубијци . Експлозиите во црквите биле во време на велигденските служби, кога тие биле исполнети со луѓе.
Подоцна, локалната полиција соопшти дека најмалку 35 лица од загинатите биле странци . Меѓу нив се Американците, Британците и Холанѓаните.
“Ги повикувам сите граѓани на Шри Ланка да останат обединети и силни за време на ова трагично време”, напиша Викерсинг на Твитер.
“Ројтерс” прецизира дека само во една од црквите , која се наоѓа во градот Котахена северно од главниот град Коломбо, загинале повеќе од 50 лица.
Другите најмалку 25 лица загинаа во напад врз црква во градот Батикалоа во источната провинција.
Засега ниедна група не ја презеде одговорноста за најкрвавите напади во земја која војуваше со децении со тамилските сепаратисти до 2009 година, кога за време на оваа војна бомбашките експлозии во главниот град беа нешто вообичаено.