Уште една трагедија на патиштата, загина 18-годишник

од Nikola Popovski

Осумнаесетгодишник го загуби животот, а 23-годишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 21 часот и 30 минути на патот Пирок-Тетово кај Долно Палчиште. Починатиот и повредениот се од селото Синичане.

-Вчеравечер (2 октомври) околу 21 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Пирок-Тетово, во тетовско Долно Палчиште, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое, според првичните сознанија од увидот го управувал 18-годишниот М.З. од тетовско Синичане, излетало од коловоз и удрило во столб. Во несреќата, М.З се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а сопатникот А.З.(23) од истото село со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција, информира СВР Тетово.

За два дена ова е втора сообраќајна несреќа во тетовско. Во неделата поради удирање во столб на автопатот Тетово-Гостивар, загина 18-годишно момче од Чегране.

Слични содржини