УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА во близина на Градачац: Маж застрелал жена, а потоа се самоубил

од Stefanija Kuzmanovska
499 прегледи

Во неделата вечерта околу 21.10 часот во Живинце, во Босна и Херцеговина, маж убил жена, а потоа се самоубил.

Како што објави Klix.ba, мажот со иницијали М.А. (58) од огнено оружје ја убил жената со иницијали Ч.Т. (52).

После тоа извршил самоубиство.

Увид ќе вршат полициски службеници на тамошното МВР, а за се е известен и обвинител.

Да потсетиме, во Градачац, на само 60 километри од Живинице, неодамна се случи страотно злосторство, кога Нермин Сулејмановиќ во својот крвав поход ја убил невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица.

Слични содржини