487
Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена. Со ова бројката на жртвите од денешната несреќа се искачи на три.
Во судирот на лице место загинаа 15-годишно девојче и 62-годишна жена.
Во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четири повредени лица.
Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.