„Уште еднаш предупредив…“: Вучиќ откри за што разговарал со Лајчак

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за ситуацијата на Косово, начините за смирување на тензиите на терен и спроведувањето на досега постигнатите договори.

„Уште еднаш предупредив дека српскиот народ на Косово е изложен на најлошата тортура и прогон во последните 15 години и ги повторив барањата за почитување на нивните права и безбедност. Ја повикав меѓународната заедница поконкретно да се вклучи во сите овие прашања“, наведе претседателот на Србија.

Слични содржини