366
Спасувачките екипи ја извлекоа малата Ајла Гезгин од урнатините во Измир, 91 час откако регионот беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени.
Откако го извлекоа од урнатините, бебето Ајла беше однесено на носила до амбуланта.Додека преживеаното дете го носеа околу урнатините на зградата на Риза Бег, одекнуваа аплаузи.
Ајла Гезгин е 107 лице кое спасено по земјотресот што го погоди Измир во петокот.
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди егејскиот регион во Турција, уби 102 лица, соопшти утрово Министерството за вонредни состојби (АФАД) Шефот на АФАД, Мехмет Гулуоглу, на Твитер соопшти дека е спасено уште едно дете .
“Најдовме уште едно дете. Фала му на Бога”, напишал Гулуоглу.