Уште колку внуци му останале на Ахмети, прашуваат од партијата на Гаши

од Nikola Popovski

Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи трговскиот центар „Соравија”, уште еден внук на Али Ахмети е назначен за прв секретар на Амбасадата на Северна Македонија во Брисел. Откако се покажа дека Дрин Ахмети има „посебни деловни вештини”, другиот внук, Бесијан Ахмети, произлезе дека има „посебни дипломатски вештини” и тоа било причината поради која беше назначен во дипломатијата и покрај тоа што неговиот стаж е помалку од една година, а дипломатското искуство е НУЛА. Секако, во овие случаи поважно од сè е презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети, соопштија денеска од опозициската Алтернатива.

Од партијата порачуваат дека министерот Османи наместо да унапредува и именува во дипломатијата десетици искусни Албанци, кои со години се шетаaт по ходниците на МНР и никој не им обрнува внимание, тој се одлучува за еден сосема нов и неискусен човек и го праќа во главниот центар на дипломатијата.

-Ова, освен што е штетно за дипломатијата на нашата земја, освен што произведува лоша слика за Северна Македонија, туку е и разочарувачки за секој млад Албанец, кому не му чичко Али Ахмети и кој го нема презимето Ахмети. Затоа, не можеме да не се прашуваме „Уште колку внуци му останале на Али Ахмети?, за некогаш да им дојде редот и на другите млади Албанци.

Како и да е, АлтернАтивА бара истрага за назначувањето на Бесијан Ахмети во Амбасадата во Брисел, како и објаснување и одговорност од министерот за надворешни работи за ова назначување, стои во соопштението од партијата на Африм Гаши.

Слични содржини