Скијачката акција во Пирин успешно заврши, a петте македонски сноубордери, кои скијале надвор од патеките и пропаднале во бездна се спасени, јави Планинската спасувачка служба.

Акцијата се одвиваче од страна на Дамнишка долина, а сигналот за помош бил упатен кон Планинската спасувачка служба во Банско.
До 20 часот вечерва, десет спасувачи извршија акција за спасување на скијачите во планината. Петмината македонски граѓани се во добра состојба, изјавија спасувачите.
БГНЕС потсетува дека во петок лавина во Банско однесе два живота