Утре на плоштадот Мајка Тереза, словенечката рок група Лачни Франц

од desk3
90 прегледи

Во четврток на 22 јуни, во рамките на Скопско лето, на плоштадот Мајка Тереза ќе настапи  рок групата Лачни франц. Љубителите на стрипот, пак ќе можат во фоајето на МОБ да ја видат  изложбата на стрипови „Словенечкиот стрип од класици до иднина“.

Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешното „Скопско лето“ ќе понуди околу 50 програмски содржини, концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери. Главниот град на државата ќе пулсира во ритамот на творечкиот немир и креативноста на домашните уметници, а Скопје и оваа година ќе биде домаќин на уметници од 16 држави од целиот свет.

Градот Скопје ги покануваат скопјани и гостите на Скопје да бидат дел од уште едно возбудливо издание на „Скопско лето“, кое е препознатлив културен белег на нашиот град и Република Македонија.