И Непал на локални избори. Непалците во оваа Тибетска земја, сместена на Хималаите, последен пат гласале пред дваесет години , во далечнагта 1997 година. Тогаш почнала граѓанската војна. Сега во оваа земја владее мир, па утре во недела граѓаните на Непал се враќаат на избирачките места, за да ја пополнат оваа интитуционална празнина поради која наголемо цвета корупцијата. 
Гласањето, во оваа измачена држава од десетгодишната граѓанска војна (1996-2006) во која загинаа 16.000 луѓе и која доведе до падот на хинду монархијата, би требало да ја сврти крвавта страна на судирот.
Влегувајќи во рамките на мировниот процес, изборите претставуваат клуќчна етапа во демократското функционирање на оваа земја. Во рамките на новиот Устав, после гласањето на утрешните локални избори, непалските власти ќе организираат покраински а потоа и национални избори. Овие последните ќе бидат организирани до година.
Мандатот на локаланите претставници избрани 1997 година, истече во 2002 година , во сред војна. Тогаш администрацијата си отиде на одмор. Па така без било кој одговорен во општините, корупцијата на теренот си земала замав.
На локалните избори, Непалците ќе мораат да избираат меѓу 50.000 кандидати за 13.556 градоначалнички и советнички места. Голем дел од кандидати се претставуваат како независни или пак, како челници на новите партии кои се претставуваат како реформаторски.
“Бездната меѓу граѓаните и Владата не може да биде подлабока”, е ставот на аналитичарот George Varughese од Asia Foundation.
Аналитичарот во вака големиот број на кандидати гледа обид за окончување на превласта на трите главни партии – Маоиста, Непалскиот конгрес (десен центар) и националистите CPN-UML-a.
Гласачките места се отвараат утре во три покраини бидејќи изборите поради страв од насилство се поделени во две фази.
Oстанатите четири региони треба да гласаат на 14 јуни.