Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Како што беше претходно објавено, приватните превозници од „Слобода превоз“ со 30 автобуси и 300 лица планираат да ја блокираат раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, со барање да им се исплати долгот што го има ЈСП Скопје кон нив.