439
По околу две години судски рочишта, случај „Титаник 3“ стигна до пресуда, која утре треба да ја изрече судијката Марија Клетничка.
Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а обвинетит Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Два пати се менуваше судечкиот состав. Судијката Гордана Спиревска која сега е член во Републичкиот Судски Совет беше изземена поради болест во семејството. На нејзино место, како втор судија беше поставена Љубинка Башевска.
Во петокот на 27 март обвинителката Фатиме Фетаи ги даде завршните зборови, а потоа и одбраната, по што беше закажан и датум за пресуда.