Утре се отвара Зоолошката градина во Скопје, овие правила ќе мора да се почитуваат

од Берта Китинска

ЗОО Скопје официјално преку нивниот Фејсбук профил го потврдија отварањето на истата овој вторник во 9 часот.

„Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)
Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:
– Носење маска при влез во Зоо Скопје
– Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
– Строго е забрането хранење и доближување до животните
– Отпадоците да се фрлаат во корпите
– Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
– Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
– Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките!Се гледаме во вторник од 09:00“, напишаа од Скопската Зоолошка градина.

Слични содржини