Утре во модуларната болница на КИБФС во Скопје ќе стартува вакцинацијата, соопштија од МЗ

од Nikola Popovski

„Од утре, во модуларната болница на КИБФС во Скопје, ќе стартува вакцинацијата против Ковид-19. Најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Инфективната клиника, со донираните вакцини од Србија“, соопштуваат од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство заради запазување на здравствените протоколи, но и непречена работа на вакциналните тимови, а во интерес на транспарентно и подеднакво третирање на сите медиуми, од чинот на вакцинирање на првите двајца медицински работници ќе обезбеди фото и видео инсерти и истите ќе ги дистрибуира до сите медиуми. Дополнително по официјалниот дел (изјави за медиумите) на снимателите и фотографите ќе им биде овозможено снимање и фотографирање од процесот на вакцинација со влегување во објектот во помали групи до 3 камери или фотографи од погоренаведените причини“, соопштија од Министерството за здравство.

Според нив, медиумите кои имаат интерес да го видеоинсертираат или фотографираат процесот на вакцинација треба да го потврдат своето присуство на [email protected], најдоцна до вторник до 20:00 часот.

„Министерството за здравство на секој медиум што ќе побара да сними или фотографира како се одвива процесот на вакцинација ќе му овозможи тоа. Остануваме транспарентни и отворени за медиумите во целиот процес на имунизација против Ковид19“, соопштија од Министерството.

Слични содржини