Земјотресот кој утрово ја стресе Македонија беше со јачина од пет степени.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 04 часот и 54 минути бил регистрирна земјотресот со јачина од 5.0 степени по Рихтер.
Околу 6:23 часот беше почувствуван уште еден потрес со јачина од 3, 6 степени, кој се толкува како афтер шок по првиот удар.
Според информациите епицентралното е на подрачје во Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.
Покрај вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети.
Штетата може да се пријави во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.