Утрово тешка сообраќајка кај Струмица, повредени три лица

од Берта Китинска

Во соообраќајка што се случи утрово околу 09:00 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево, полесно се повредени три лица, информираат од струмичката болница.

Тие се пренесени во болницата со Итната медицинска помош и според првичните информации се работи за полесни повреди, рече директорот, д-р Наќе Гогов.

Во незгодата учествувале четири возила, а полицијата врши увид на местото на сообраќајката.

Слични содржини