Утврден идентитетот на безживотното тело најдено во Охридското Езеро, се работи за млад кичевец

од desk2

Од СВР-Охрид известуваат дека попладнево е завршен увидот предводен од јавен обвинител поврзан со пронаоѓањето на безживотно тело, кое во 11 часот и 55 минути беше забележано во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот Студенчишта.

По извршениот увид во кој учествуваа и полициски екипи од СВР-Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на член на неговото поблиско семејство а по наредба на Јавен обвинител, во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција.

Сега починатиот бил пријавен за исчезнат на 16 овој месец во СВР Охрид. Од полицијата наведуваат дека со него не бил возможен контакт од 15 овој месец.

Слични содржини