Да сместиш величина од музичар како Артуро Сандовал во објектче без климатизација, односно во сала за училишни приредби и уште со концепт да отсвири последователно два наместо еден концерт зошто ‘толку собират киноно’ мислам дека беше ужас од одлука на организаторите.

Па не е ова проекција на филм. Драги организатори, зарем не можевте да изгуглате временска прогноза и да видите дека вчера денот беше без капка дожд односно дури и сончев.Воедно и да се сетите дека завршува викенд па сериозна бројка од народ со картата за Сандовал во џеб, треба да си оди.
Не можеше ли малку флексибилност во мисла и идеја и концертот да се презакаже исто за Античкиот театар каде единствено и му доликуваше но во подруги саати. Денски,пладне на пример.
Вака беше тажно да се слуша и гледа како оној величенствен џез се гуши до бесвест.
Па човекот сосема разбирливо не отсвири ниту еден бис.Ни реда ради.
Фејсбук стастус
на Енис Хилми