Ужас на летување од соништата: Дедо ја испушти 1 годишната внука од 11 кат на крузер (ВИДЕО)

од desk2
185 прегледи

Едногодишно девојче загина , откако дедото кој ја држел и бил наведнат од прозорецот на 11 кат на крузер , го испуштил .

Девојченцето паднало од 11. кат на крузерот , каде биле на летен одмор со нејзината баба , дедо , мајката и таткото. Бродот бил закотвен во Порто Рико , а дедото го држел бебето на прозорецот на кабината од 11. кат.

Наеднаш , го испуштил и девојченцето паднало на асфалтот на пристаништето од височина од околу 50 метри.

,,Дедото си играл со девојченцето и ја подигнал кон отворениот прозорец, но несакајќи му се лизнало. “ , велат од полицијата во градот Сан Хуан.

Дедото е идентификуван како Салваторе Анело. Од компанијата Ројал Карибијан соопштија за трагичниот настан и дека им помагаат колку што можат на членовите на семејството. Истрагата е во тек.

Слични содржини