537
Во селото Доња Трница, Србија, дванаесетгодишно момче по расправија со кујнски нож ја прободел својата сестра (18).
Животот на девојчето не е во опасност и според првите податоци се работи за лесна физичка повреда.
Како што дознава порталот „Нова.рс“, девојчето било примено вчера попладне на Клиниката за детска хирургија и ортопедија на Универзитетската болница Ниш.
„Според лекарот, освен кожата и поткожното ткиво, за среќа нема повредени внатрешни органи. По санирање на повредите, пациентката е оставена на Клиниката за натамошно следење на нејзината здравствена состојба“, изјавиле за „Нова.рс“.