На пазарот се појави „стап за секси селфи“. Неговата цена е 120 долари, а за сега постои огромно интересирање за овој производ.

Оригиналниот уред за селфи го претстави компанијата „Lovehoney“ со намера жените подобро да го запознаат своето тело.
Како што објаснуваат, благодарение на HD камера поставена на врвот на вибратор, жените ќе можат да видат како изгледа нивната вагина одвнатре за време на оргазам.
Тие ќе можат своите фотографии да ги споделат со партнерот, а тоа ќе го направат со помош на апликацијата „FaceTime“.
„Ако некогаш сте се прашувале што се случува во вашето тело за време на оргазам, оваа играчка ќе ви го даде одговорот. Таа на корисниците им овозможува да го запознаат своето тело благодарение на неверојатно чистите фотографии кои може да ги направи. А благодарение на тоа што е компатибилна со апликацијата ’FaceTime‘ и на својот партнер ќе може да му ги покажат фотографиите што ги направиле“, велат од компанијата.