Судот во Кина осуди 448 жители на блок да исплатат компензација на родителите на двегодишно девојче повредено од исфрленo од прозорец шише, пренесе РИА Новости.

Инцидентот се случил додека девојчето играло во дворот. Шишето го погодило девојчето по главата,и го скршило черепот . Од ударот девојчето губи свест и е пренесено во болница во тешка состојба. За третманот и рехабилитацијата на ќерка си, семејството потрошило 80 илјади јуани (11 000 евра). Родителите се обиделе безуспешно да разјаснат кој точно го фрлил шишето од прозорецот, по што поднесуваат барање за компензација во износ од 300 илјади Јуани кон сите жители на блокот. Судот наведува дека секој од жителите на блокот треба да исплати 360 јуани (50 евра). Локалните медиуми јавуваат дека присутните на процесот жители на блокот се согласиле со одлуката.