Вака се тресеше тлото на ДУБРОВНИК: Камерите забележале силен земјотрес (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,1 степен бил регистриран во областа Дубровник во средата вечер околу 23:07 часот.

Земјотресот е снимен од телевизијата „Либертас“, а за време на земјотресот на Страдун, имало само еден човек кој го шетал кучето.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Пољице Попово, 20 километри северозападно од Дубровник.

Земјотресот е почувствуван во пошироко епицентрално подрачје, објави хрватската сеизмолошка служба.

Интензитетот на епицентарот бил 5 степени според скалата на ЕМС.

Земјотресот траел кратко и не е забележана материјална штета.

Слични содржини