ВАКЦИНА, ПА ЏОИНТ: Невообичаена „награда“ за имунизација во Вашингтон

од Nikola Popovski

Како поттик за имунизација против коронавирус, Вашингтон ќе им обезбеди на возрасните бесплатен џоинт, откако ќе примат вакцина. Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт за вакцина“ ќе стапи на сила веднаш и ќе трае до 12 јули, пренесува американскиот весник „Њујорк тајмс“. Слична акција најави и федералната држава Аризона.

За лицата постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт, откако ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 се ревакцинирале. Одборот за алкохолни пијалоци и канабис во Вашингтон неодамна им обезбеди на жителите бесплатно пиво, вино или коктел со доказ за вакцинација.

Ова се надоврзува на други слични иницијативи низ земјата, кои се поддржани и од администрацијата на Џо Бајден. Охајо организира лотарија, а на други места има можност да се добие ловечка пушка, сачмарка или бесплатен билет за забавен парк

Слични содржини