Вакцина против коронавирус веќе во септември: Имунолог од Оксфорд за две недели го почнува тестирањето

од Aleksandar Petrovski
172 прегледи

Вакцината против коронавирус може да биде достапна уште во септември, според професорка по имунологија на универзитетот Оксфорд.

Имено, Сара Гилберт во моментов со својот тим се обидува да направи вакцина, а таа за „Тајмс“ изјави дека е 80 проценти сигурна дека нејзиниот тим ќе успее до оваа есен, ако сè оди според зацртаниот план.

Минатиот месец, рекла дека се надева оти вакцината може да се создаде до крајот на 2020 година, но сега изнела пооптимистичко сценарио, бидејќи испитувањата на кои работи треба да започнат во текот на следните две недели.

Но, таа исто така порачала дека никој не може да гарантира дека вакцината ќе функционира.

Нејзиниот тим е еден од десетина екипи ширум светот кои работат на пронаоѓање на вакцина за коронавирус а ќе ја тестираат својата вакцина во земјата со најбрз пренос на вирусот за брзо да добијат резултати.

Британската влада јасно стави до знаење дека доколку вакцината е добра, е подготвена да обезбеди нејзино производство за таа да биде достапна во јавноста што е можно поскоро.