Вакцините на Фајзер и Синовак најдобро ги штителе македонските граѓани

од Берта Китинска

Две дози од Ковид-19 вакцината на Фајзер покажа највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината АстраЗенека и Синовак, сите со ефективност над 92%. Вакцините  на Синофарм и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но сѐ уште имаа висока ефективност, над 80%“, се наведува во анализата на д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска) која се однесува на вакцините против ковид и нивната примена во Македонија.

Сите вакцини покажале висока ефективност, над 91%, во спречување смрт од Ковид-19.

Истражување покажува дека просечната возраст на починат  од Ковид-19 изнесувала 70 години, половина од умрените биле под 71 година, најмладиот починат бил на 15 години, а најстариот на 99 години. Ефективност на вакцините во спречувањето хоспитализација и смрт од Ковид-19 кај македонската популација покажа дека постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години, а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените.

Д-р Харис Бабачиќ го има спроведено истражувањето во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

Слични содржини