Ван Дајк: Прерано е да се зборува за титулата

од Vlatko K
110 прегледи

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк повика на смиреност по победата над Вест Хем со 4:0 и изјави дека е рано да се зборува за титулата.

„Црвените“ одиграа силно и многумина веднаш ги прогласија за главните конкуренти на Манчестер Сити, но Холанѓанецот ги предупреди своите соиграчи да не брзаат со прославата.

„Во некои медиуми, едвај не објавија за нови шампиони, но не треба да бидеме под влијание на ова. Сакаме да се справиме добро и да постигнеме големи работи, но за ова треба да размислуваме само за следниот мел и за битката таму. Ние сме добро подготвени и со нетрпение го очекуваме следниот судир“, рече Холанѓанецот.

„Клучот за нас не е да ги гледаме другите тимови. Треба да размислуваме само за себе и да бидеме подготвени за нашите следните ривали. Атмосферата во тимот е одлична и ова е очигледно од начинот на кој се адаптираа новите момчиња. Со мене, сè одеше премногу лесно и сега е исто“, додаде Ван Дајк.