Ракометарите на Вардар со победата над Целје се вратија на првото место во својата група во Лигата на шампионите.
![]()
Македонскиот шампион Вардар попладнево пред својата публика во ЦС „Јане Сандански“ го победи словенечкиот првак Целје со 35-30 во натпревар од 12.коло во Лига на шампиони.
Уште од самиот почеток црвено-црните го наметнаа своето темпо и од минута во минута постојано ја зголемуваа предноста која на крајот на првиот дел изнесуваше пет голови разлика 20-15. Во ист ритам вардарци го одиграа и вториот дел и на крајот сосема заслужено се радуваа на победата со конечни 35-30.
Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Алекс Душебаев со 8 голови, додека Тимур Дибиров и Данил Шишкарев постигнаа по 6.
Со оваа победа Вардар се врати на првото место во Б групата, на кое од средата беше Рајн-Некар кој го совлада Мешков Брест со 25-24.
Во оваа група вечерва од 20 часот ќе започне мечот ППД Загреб – Кристијанштад, додека утре ќе играат Киелце и ПИК Сегед.
Табела: Варда 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 14, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, Цеље 7, Кристијанштад 6, ППД Загреб 5.
Во групата А се одиграа две средби, Веспрем – Висла Плок 31-25, Кил – Силкеборг 21-24. Вечерва ќе играат и ПСЖ – Кадетен Шафхаузен, додека средбата Барселона – Фленсбург на програмата е утре.
Во оваа конкуренција лидер е Барселона со 20 бодови, пред ПСЖ со 18, и Веспрем со 12, додека Фленсбург и Кил имаат по 11. По нив следуваат, Висла Плок 8, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.