Македонскиот ракометен шампион замина на заслужена пауза со пет гола предност.

Одигра одлични 30 минути во финалниот меч од ракометната Лига на шампиони, против Веспрем, клубот кој многумина го сметаат за фаворит.
Вистински кошмар за одбраната на Веспрем се брзите вардарови играчи. Одличен на голот е Дејан Милосављев, а одличен настап во првиот дел од натпреварот имаа Караџиќ, Дибиров, Стоилов, Кристопанс.