Летен деликатес.
Малку се луѓето кои не го сакаат омилениот летен десерт – варена пченка.
Освен што е вкусна, популарната пченка е и многу здрава, но кога ја готвиме, сите правиме една грешка – од дршката ја отстрануваме пченкарната свила, оние “влакна” кои речиси невозможно е сите да се излупат.
Еве зошто со пченката треба да ја јадете и свилата:
– Спречува формирање на камења во бубрезите
– Делува како природен диуретик и ја стимулира елиминацијата на вишокот течности од телото
– Го намалува шеќерот во крвта и нивото на холестерол
– Изобилува со калиум, кој го елиминира згрутчувањето на крвта
Ако не можете да јадете пченкарна свила заедно со пченка, консумирајте ја на следниов начин: одвоете ја од пченката и варете ја во малку вода. Процедете ја, па кога ќе се излади, испијте како чај.
Забелешка: Чај од пченкарна свила не се препорачува на бремени жени, бидејќи може да дојде до предвремени контракции.