Вархеји: Пораката на Мишел е добредојдена, но проширувањето не е прашање на датуми – туку на резултати

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Толедо оцени дека е добредојдена најавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за можно проширување на Европската унија во 2030 година, но рече дека не се работи за датуми, туку за волја и резултати.

Коментирајќи ја изјавата на Мишел дека Европската унија мора да биде подготвена за проширување до 2030 година, вклучително и земјите од Западен Балкан, Вархеји наведе дека Европската комисија секогаш била подготвена да го изнесе секој предлог кој ќе доведе до тоа.

„Ако ова е порака од Европскиот совет дека сака конечно да се вклучи и да направи голем скок за да се постигне проширување, тоа е добредојдена вест. Мислам дека прашањето за проширување не е прашање на датум, туку прашање на волјата и исполнувањето на предусловите од страна на ЕУ, но и од земјите-партнери од Западен Балкан или трети кандидати за членство“, рече Вархеји во изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Толедо.

Слични содржини