Вархеји: Се помали се шансите дека оваа година С. Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
243 прегледи

Комесарот за проширување при ЕУ, Оливер Вархеји, во средата изјавил дека има се помалку шанси С. Македонија и Албанија да добијат преговарачка рамка до крајот на годината, за да започнат пристапни разговори за членство во ЕУ.

„Се уште се надевам, но за жал, се помалку е сигурно дека оваа година можеме да ги усвоиме преговарачките рамки“, рече тој во Европскиот парламент, за време на дебатата за состојбата на Западен Балкан, 25 години по Дејтонскиот договор, пишуваат европските медиуми.

Тој посочил дека Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за новиот чекор за евроинтеграција на Скопје и Тирана.

Вархеји вели дека С. Македонија „мора да вложи дополнителни напори за да излезе во пресрет на загриженоста на Бугарија“ со цел да се најде решение што е прифатливо за обете земји.

Бугарија во моментов го блокира Скопје на патот кон отворање на првите поглавја за преговори поради несогласувања околу националниот и културниот идентитет на С. Македонија.

Од друга страна, некои земји-членки, предводени од Холандија и Франција, сметаат дека Албанија не постигнала доволно ниво на реформи во клучната област на владеењето на правото, за да ѝ дадат „зелено светло“ за преговарачката рамка.

Слични содржини