Вашингтон доби „разумен“ совет: Заборавете на Украина во следните 25 години

од Vladimir Zorba

САД треба да го одложат пристапот на Украина во НАТО за неколку децении, пишува политичкиот коментатор Рос Даутат во напис за Њујорк Тајмс.

Даутат смета дека Украина е премногу поделена, економски слаба и затоа не е подготвена „целосно да стане дел од Западот“.

Според него, САД презеле обврски кои не можат да ги реализираат, обидувајќи се да ја извлечат Украина од руската орбита. Поради прилично мекиот пристап на претходната американска администрација, Вашингтон денеска е слабо подготвен во спорот со Москва за украинското прашање.

Коментаторот нагласи дека, со оглед на овие обврски и зголемената потреба да се „спротивстави на Кина“, Соединетите држави би можеле да ја одложат идејата за проширување на НАТО на неодредено време.

Во тој случај, според него, Украина, иако би била под притисок на Русија, би избегнала „инвазија“, а американските сојузници од НАТО би преземале повеќе обврски во однос на поддршката на безбедноста во Европа.

Сепак, целосното повлекување од приемот на Украина во НАТО е отстапка што, според Даутат, американската администрација не може да ја прифати.

Според него, идејата „да се заборави долго време: на пример 25 години“ изгледа многу разумна.

Слични содржини