„Демократијата умира во темнина“ е новото мото на познатиот американски весник „Вашингтон пост“ и се наоѓа под името на весникот на насловната страница на онлајн изданието. 
Оваа парола меѓутоа не е објавена во печатената верзија на весникот.
Основачот на Амазон и генералниот директор Џеф Безос ја употреби ова фраза во едно минатогодишно интервју, одговарајќи на прашањето зошто ја купил оваа медиумска куќа во 2013 година.
– Многумина од нас веруваат дека демократијата умира во темнина, а некои институции имаат мошне важна улога во тоа да обезбедат светлина. Сметам дека „Вашингтон пост“ има важна улога во тоа, бидејќи сме сместени во престолнината на САД, додаде тој.