Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп бараше документи за нуклеарно оружје

од Stefanija Kuzmanovska

За време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, агенти на ФБИ пребарувале доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Не е познато каков вид на информации бараше ФБИ или дали такви документи се пронајдени во домот на Трамп во Палм Бич, Флорида, додава американскиот весник.

Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде запечатен налог со кој се овластува претрес на имотот на Трамп за јавноста да може да дознае повеќе за тоа што барале истражителите, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини