Василев за „Бизнис Инфо“: Цената на чинење на парите ќе продолжи да се зголемува, можно намалување на клиентите на финасиските друштва

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Макроекономската состојба во земјава не е на најдобро ниво, пред сé како резултат на војната во Украина. Стапката на инфлација мерена преку трошоците за живот во третиот квартал од 2022 година забележа раст од 19% што претставува највисоко ниво во изминатите 25 години. Дополнително, стапката на екононмски раст во третиот квартал од 2022 година изнесуваше скромни 2%, додека трговскиот дефицит за 2022 година ќе надмине 3 милијарди евра. Овие податоци упатуваат на можност Народната Банка да продолжи со затегање на монетарната политика изразено преку пораст на каматната стапка на благајничките записи. Сето ова значи дека во 2023 година цената на чинење на парите ќе продолжи да се зголемува (можеби со поумерено темпо), вели во интервју за „Бизнис Инфо“ Горан Василев, извршен директор во ИутеКредит.

Ваквата анализа, според него, упатува на можно забавување на темпото на раст на клиентите на финасиските друштва, што значи во 2023 година неопходно е Финансиските друштва да бидат внимателни во имплементирањето на своите деловни политики.

-Ние во ИутеКредит сме подготвени за предизвиците кои претстојат и очекуваме умерен раст на нашето портфолио и клиенти, посочува тој.

На прашањето дали нивните провизии се „лихварски“, Василев е категоричен дека исклучително важно е да се избегне генерализирање на трошоците преку провизии.

Слични содржини