Вацке за Штогер: Не изгубил натпревар, како да го отпуштам?

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке даде интересен коментар на адреса на тренерот Петер Штогер, под чие раководство тимот има четири успеси и три реми во седум натпревари.

Договорот на Австриецот е само до крајот на сезоната, но се чини дека ќе биде продолжен во поглед на добрите резултати.

„Тој уште не изгубил натпревар и ако тоа продолжи понатаму, би било глупаво ако не продолжиме да работиме со него. Тој е извонреден тренер и ние сме задоволни. Освен тоа меѓу Петер, мене и Михаел Цорк има голема доверба. Немаме договор со друг. Прво ќе седнеме за да преговараме со Петер“, рече Вацке за Скај ТВ.

Слични содржини