Важна улога во спасувањето на светот од пандемија има село во Унгарија

од Stefanija Kuzmanovska

Во незабележителна куќа источно од Будимпешта, постои мал семеен бизнис кој им помага на фармацевтските компании ширум светот да развијат вакцина против коронавирус.

Биологот Ноеми Лукач (71) се пензионираше во селото Сирак, каде што ја претвори својата куќа во светски позата лабораторија наречена „English & Scientific Consulting“ (SciCons). Тука произведува сензор кој е толку чувствителен што само неколку грама се доволни за да ги задоволат годишните потреби на глобалната индустрија.

– Ние произведуваме моноклонски антитела – изјави Лукач за „Ројтерс“.

Антителата препознаваат РНК со геном со двојна-нишка (dsRNA). Тоа е нус-производ на вирус кој сигнализира присуство на жив вирус и се користи веќе некое време во научни истражувања.

Уште поважно, dsRNA е нуспроизвод на процесот што го користеа американскиот гигант „Фајзер“ и германската компанија „БајонТек“ за производство на експериментална вакцина против Ковид-19, која минатата недела, по серија експериментални тестови, се покажа како ефикасна околу 95 проценти, пренесува Ројтерс.

Бидејќи оваа рибонуклеинска киселина може да биде штетна за човечките клетки, таа мора да се извлече од вакцината пред да се даде. Најчестиот метод на филтрација е изложеност на вакцината на антитела произведени од унгарската компанија.

Антителата укажуваат на тоа дали и колку dsRNA е присутна во вакцината. Само кога ќе се отстрани целата dsRNA од вакцината, може да се даде на луѓе.

Поранешниот универзитетски професор Ноеми Лукач внимателно ја следеше трката за развој на вакцината, а таа особено ја привлекоа кандидатите кои со модифицирани РНК клетки го обучуваат организмот да го препознава и убие коронавирусот. Изменетата методологија на РНК или мРНК (анг. mRNA) е целосно нова група на лекови, а регистрацијата на вакцината Ковид-19 ќе значи дека тие се одобрени за прв пат и дека може да започне масовно производство.

Каталин Карико, исто така од Унгарија, патентираше метод што овозможува употреба на РНК и ветува дека ќе го ослободи светот не само од коронавирусот, туку и од низа други болести. Карико, која сега е потпретседател на германската компанија БајоНТех, е еден од првите клиенти на унгарската компанија SciCons.

Слични содржини