Важни животни правила, кои се учат уште в градинка

од desk2
77 прегледи

Најчесто најважните животни работи се мошне едноставни. Американскиот писател Роберт Ли Фулгам се присетил на своето детство и на тоа што го научил уште од градинка. Од сопственото искуство составил 13 правила, кои се доволни за секоја личност праведно и среќно да минува низ препреките во животот.

Фулгам, кој е познат по своите куси приказни, смета дека сите важни работи за животот ги научил во првите години и тоа в градинка. Според него, ова се правилата кои се доволни секој човек достоинствено и гордо да чекори низ животот. 

– Се поделете со другите
– Играјте чесно
– Не ги удирајте другите
– Секоја работа врати ја таму од каде што си ја земал
– Исчисти зад себе
– Не го земај тоа што не е твое
– Кога некого ќе повредиш извини му се
– Пуштај вода во тоалетот и миј ги рацете пред јадење
– Кога си уморен а имаш време, отспиј малку
– Живеј урамнотежено – од се по малку
– Златните рипки, кучињата, мачките – сите тие еден ден мораат да умрат. И ние ќе умреме
– Не заборавај дека чуда постојат! Сети се на зрното грав, кое го остави да из’рти
– Отвори го очите и гледај!