Важно е да имаме поднослив инфлаторен шок, а тоа е можно ако војната во Иран заврши во април

Мерките што ги презеде Владата со намалување на цената на ДДВ за горивата, според економскиот аналитичар Алберт Халили, се корисни, но не и целосно доволни без поширока и подолгорочна стратегија.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Мерките што ги презеде Владата со намалување на цената на ДДВ за горивата, според економскиот аналитичар Арбен Халили, се корисни, но не и целосно доволни без поширока и подолгорочна стратегија.

Тој за „Локално“ изјави дека мерките претставуваат важен чекор кон ублажување на притисокот од растот на цените на горивата, особено во контекст на кризата на Блискиот исток, но нивната доволност ќе зависи од времетраењето на кризата и од понатамошните движења на светските пазари на енергенси.

Фото: Фејсбук

-На краток рок овие мерки можат делумно да го амортизираат ударот врз стандардот на граѓаните, но на долг рок ќе биде потребен поинтегриран пристап тоа подразбира дополнителни економски и социјални политики, како и мерки за зголемување на енергетската независност и диверзификација на изворите на енергија, изјави Халили.

Војната во Иран, ако заврши до крајот на април, според проф. Синиша Наумоски, од Хајделберг универзитетот, ќе значи шестмесечно прилагодување. Според него неизбежни се негативните економски текови, како што е зголемување на инфлацијата и промени на цената на нафтата.

-Веќе неколку пати јавно го поставив прашањето дали може да се размислува да се влијае на акцизите за да се ублажи зголемувањето на цените на нафтата, изјави Наумоски за „Локално“.

Тој објаснува дека кога вели дека војната окчекува да заврши во април, дека пред се мислам на тоа дека војната не и одговара на американската економија.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/МРТ

-Ако  до крајот на јануари  цената на нафтата  беше 2,9 долари за барел сега е зголемена на 4 долари. Притисокот од самите граѓани ќе биде вра владата во САД да ја заврши војната, бидејќи тоа влијае и на американската економија., изјави Наумоски.

За тврдењата на опозицијата дека македонската економија може да влезе во стагфлација, тоа е состојба кога цените растат, а економијата не расте, Халили вели дека ризикот од стагфлација не може целосно да се исклучи особено во услови на надворешни шокови како растот на цените на енергенсите и неизвесноста на глобалните пазари.

-Сепак во овој момент е прерано со сигурност да се тврди дека економијата ќе влезе во едно такво сценарио, бидејќи постојат и фактори кои може да го ублажат овој ризик. Она што е клучно е Владата да води внимателна економска политика. Тоа подразбира таргетирани мерки за заштита на најранливите категории граѓани поддршка на домашното производство и ликвидноста на компаниите, како и контрола на инфлаторните притисоци без да се задуши економската активност, изјави Халили.

Тој додава дека дополнително неопходно е да се инвестира во енергетска стабилност, диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на продуктивноста на економијата.

-Со ваков пристап ризикот од стагфлација може знчително да се намалии да се оддржи макроекономската стабилност, изјави Халили.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ 24

За тоа како оваа криза влијае на Македонија, Наумоски објаснува дека економијата кај нас е поврзана со случувањата во Германија и европските земји, бидејќи нашата економија е повеќе поврзана со нив.

-Што се однесува до Македонија, најголемиот ризик ќе го имаме со тоа што нашата економија над 40 проценти е поврзана со Германија, а 70 проценти со Европа. Сега германските компании имаат големи проблеми и сериозен притисок, а тоа секако се одразува и на економијата во Македонија. Дел од европските држави веќе почнаа да лобираат да се смират односите со Русија и оттаму да се обезбеди нафта и потребни енергенси, изјави Наумоски.

Според нeго важно е да имаме поднослив инфлаторен шок, а тоа ќе се случаи ако војната во Иран заврши до крајот на април.

-Најотпорна засега е економијата на Израел, но и таму имаат избори во јуни, и секако на крај е се политика дали побрзо ќе заврши кризата. Ако ескалира состојбата и за нас и за сите други ќе биде многу лошо, бидејќи ние може да го преживееме растот на цените на нафтата, но не и ако нема нафта. Затоа европските земји се и толку загрижени и дел од нив се обидуваат да ги одблокираат односите со Русија, изјави Наумовски.

Е.Б.

Слични содржини