Ве мачи несоница? Со овој метод ќе заспиете за неколку минути

Според истражувањата на експертите кои се занимаваат со спиење и когитивна бихевиорална терапија, количината и квалитетот на сонот е намален во зимските месеци кога деновите се кратки, а ноќите долги. Според нив, февруари е најлош месец за спиење, а доколку имате провлем со заспивањето, оваа единствена метода може да ви помогне.

Таканаречениот 4-7-8 метод стекна милиони обожувачи ширум светот, а творецот е др. Енрју Веил. Овој експерт за сон својот метод го опишува како „природна техника за смирување на нервниот систем“ и „едноставен начин за да се ослободите од стресот со елемент на медитација“. Тој трик се темели на древната индиска пракса pranayama, што значи регулација на здивот.

Како делува 4-7-8 методот? Веил на својот канал објаснил како се користи овој метод, а истиот е многу едноставен и може да се изведе секаде со оглед дека не е потребна никаква опрема.

Чекори:

1. Прво што морате да направите е да го ставите врвот на јазикот на горното непце, зад предните заби, и така да го држите до крајот на вежбата.

2. Потполно издишете на уста правејќи звук на шушкање.

3. Потоа затворете ја устата и издишете итвко низ нос, броејќи во главата до четири.

4. Задржете го здивот додека броите до седум.

5. Потполни издишете низ уста, правејќи звук на шушкање, додека броите до осум.

6. Тоа е еден циклус. Повторете го уште три пати (четири вкупно).

„Имајте на ум дека секогаш вдишувате тивко низ нос и издишувате силно низ уста“, напоменал Ендрју.

Овој метод стекна голема популарност во последниве години, иако некои се жалат дека упатствата се премногу комплицирани.Веил вели дека овој метод најпрво треба да се испраксира, пред да може навистина да ви помогне да заспиете во краток рок.

Слични содржини